Поврзете се со нас

АТП

Беретини му се закани на Ѓоковиќ: Знам што сака и знае за мене…

Објавено

на

Италијанецот Матео Беретини е наредниот ривал на Новак Ѓоковиќ, играч кој ќе се обиде да му застане на патот на првиот светски рекет за календарски грен слем и секако нов рекорд кога се во прашање титулите на најголемата сцена.

Беретини ги има загубено сите досегашни средби со Ѓоковиќ, но смета дека од тие пресметки многу научил и верува дека може да слави во Њујорк.

-Секогаш учев од сите натпревари што ги играв против Новак. Игравме еден против друг на сите површини, во затворена сала, грен слем … Секако дека знам што му се допаѓа и што знае за мене, секогаш ме победуваше. Мислам дека ме познава многу добро.

-Од ментална гледна точка, направив уште еден чекор, да верувам повеќе во она што го работам и да можам да победам. Новак е најсилен во многу сегменти, но му зададов потешкотии последните неколку пати кога игравме. Затоа имам самодоверба, -истакна Беретини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни