Поврзете се со нас

АТП

Беретини ги спореди Надал, Федерер и Ѓоковиќ со три неповторливи НБА ѕвезди

Објавено

на

Матео Беретини во овој момент е најдобар италијански тенисер и 10-ти на АТП листата во светски рамки, а како играч кој важи за еден од најнадежните од новата генерација тенисери, одлучи да направи една интересна компарација за „големата тројка“.

Беретини е уверен дека Надал, Ѓоковиќ и Федерер и во иднина ќе имаат свој збор на грен слем турнирите, но смета дека помладите тенисери се се поблиску до нив и дека и тие ќе имаат свој збор на најважните мечеви.

Говорејќи за големината на тројцата најдобри, Беретини си даде за право да направи една интересна споредба, посочувајќи дека Надал, Федерер и Ѓоковиќ имаат слични карактеристики со три неповторливи НБА ѕвезди.

– Надал е Леброн Џејмс во тенисот. Кога е физичкиот капацитет во прашање, двајцата се неверојатни. Двајцата експлодираа на светската сцена многу млади. После Надал, ќе го споредам  Федерер со Мајкл Џордан, додека Ѓоковиќ ме потсетува на Коби Брајант. Ме потсетува на него поради начинот на кој останува ладен во најтешките моменти, – вели Беретини во интервјуто за „Ла Стампа“.

– Очекувам поизбалансирана година. Ѓоковиќ, Надал и Федерер се уште имаат што да кажат на грен слем турнирите, но сите други се се поблиску до нив, – додава Италијанецот кој има 24 години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни