Поврзете се со нас

АТП

Беретини: Чудно е што Ѓоковиќ не е тука, тој е најдобриот тенисер на светот

Објавено

на

Овогодишеното издание на Австралија Опен ќе мине без Новак Ѓоковиќ кој иако дојде да се натпреварува не доби виза да престој и на крајот беше депортиран од земјата.

Со оглед на тоа што Ноле не е во Мелбурн многу тенисери гледаат можност да направат голем резулта, да ја освојат титулата, група во која сигурни е и Матео Беретини. Најдобриот италијански тенисер е на 7 место на АТП листата што дефинитивно е податок кој говори за неговиот квалитет, способност да биде конкурентен и за пехарите на најголемата сцена.

На Беретини му е жал што Ѓоковиќ не е во Австралија, но животот продолжува и сега тој е фокусиран на пресметката со талентираниот Карлос Алкарас во кого многумина го гледаат новиот Надал.

-Чудно е чувството, целата ситуација беше тешка за сите, особено за него. Лично кога доаѓам на турнир, грен-лем, секако дека имам „страв“ од пораз од кој било. Знам дека секој натпревар е тежок. Видовте денеска вистинска борба.

-Тој е најдобриот тенисер во светот, освои три од последните четири слема. Не знам, секако е поинаку, но сега треба да се фокусирам на Карлос кој исто така е прилично добар играч, -порача Италијанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни