Поврзете се со нас

Англија

Бербатов за ситуацијата со играч на Јунајтед: Така е кога купувате фудбалер само поради фановите

Објавено

на

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов испрати критики на сметка на раководството поради ситуацијата со Дони ван де Бек.

Холандскиот фудбалер е во втор план кај менаџерот Оле Гунар Солскјер, а не се прослави и на дуелот со Јанг Бојс, каде беше повлечен по крајот на првото полувреме.

Бербатов вели дека Ван де Бек очигледно ќе си замине без да добие вистинска шанса, а најголем проблем е што трансферот е направен повеќе за фановите, отколку за стручниот штаб.

– Ван де Бек има се помалку време да се наметне во Јунајтед.

– Замената на полувреме против Јанг Бојс најдобро го опишува неговиот престој во клубот, ако игра брзо е заменуван, а ако влезе од клупата, добива најмногу 10 минути. Никогаш не доби шанса да се адаптира и да покаже што знае.

– Работите не одат во негов прилог, штета бидејќи Јунајтед плати големи пари за него, но така е кога клубот троши пари само да ги задоволи навивачите, – изјавил Бербатов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни