Бербатов за сензационалната трансфер цел на Јунајтед: Таков борец му треба на овој тим

berba-1

Димитар Бербатов редовно ги коментира случувањата во Манчестер Јунајтед преку своите колумни за „Бетфер“, а во своето последно излагање, Бугаринот се надоврза на сензационалните шпекулации кои ги лансираа англиските таблоиди.

Дел од познатите медиуми излегоа со информации дека Карлос Тевез со задоволство би се вратил на „Олд Трафорд“ за да му помогне на Јунајтед кој има доста големи проблеми со навалната линија, особено откако тешка повреда на грбот заработи најдобриот играч на тимот, Маркус Рашфорд.

Отсуството на англискиот репрезентативец го натера Солскјер да бара решенија на трансфер пазарот, а според Бербатов, Тевез би бил одлично решение за проблемите во нападот.

– Тевез може да биде одлична опција, на Јунајтед му е потребен играч со таков однос на теренот. Ги слушнав гласините за негово враќање, зошто да не? Ако има вистина во сето ова, треба добро да се разгледа. Тој ќе трча како луд, ќе се бори за својот тим, ќе дава голови и никогаш нема да се предаде се до последниот свиреж на судијата. Тоа му е потребно на Јунајтед во овој момент, – вели Бербатов за шпекулацијата дека Тевез може да се врати на „Олд Трафорд“ на шестмесечна позајмица.

Facebook Коментари