Поврзете се со нас

Англија

Бербатов за Санчо: Не е вистинско време за трансфер во Јунајтед, има тројца играчи пред него

Објавено

на

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед веќе подолго време се поврзува со трансфер на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, играч кој со своите изданија го привлече интересот како на клубовите од неговата татковина така и од останатите најсилни шампионати во Европа.

Јунајтед во Санчо гледа инвестиција за иднината, играч кој може во следните години да стане клучен во тимот со своите голови, асистенции. Меѓутоа Димитар Бербатов е внимателен и верува дека можеби е подобро брзоногиот напаѓач да мине уште една сезона во Германија, поточно смета дека нема да може така лесно да се избори да биде стандарден првотиме во Јунајтед.

Според Бугаринот пред Џејдон има три „пречки“ во таборот на „црвените ѓаволи“ Антони Марсијал, Маркус Рашфорд и Даниел Џемс.

-Санчо е неверојатен, има 14 голови и 15 асистенции, тоа е неверојатно. Тоа многу говори за начинот на кој тој се развива, брзината, головите, додавањето и окото за додавањето. Тој не е себичен; ако имате 15 асистенции тоа мора да биде затоа што играте со топката секогаш кога имате шанса и некој е во подобра позиција.

-Не знам дали сега е вистинско време тој да премине во Манчестер Јунајтед, тоа го споменав и претходно, тука ги имам своите сомнежи затоа што во Јунајтед се наоѓаат Марсијал, Маркус Рашфорд и Даниел Џејмс.

-Добро е да се има конкуренција за тимот, но би се замислил ако се пресели на ново место и би сакал да игра на секој натпревар, но ротацијата е вообичаена работа сега во фудбалот. Од таа гледна точка, не можете да гарантирате дека играчот ќе игра, но мислам дека треба да одиме со таа претпоставка, големи пари и тој би сакал да игра.

-За мене, тој ќе го избере тимот за кој знае дека ќе игра. Можеби е подобро за него да остане во Дортмунд уште една година, зошто да не, -истакна Бербатов.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни