Свет
Бербатов за Роналдо: Сигурен сум дека ќе не изненади со уште една одлука

Кристијано Роналдо за неколку месеци ќе го прослави 39 роденден, но тоа не е проблем за напаѓачот кој игра во одлична форма како на клупско ниво за Ал Наср така и за селекцијата на Португалација.
Роналдо пред неколку дена стана прв играч со постигнати 40 голови во оваа 2023 година што доволно говори за него, неговиот квалитет, класа, поточно само ги поместува границите со оглед на тоа ретко се гледа играч кој е на залезот на кариерата и блиску петтата деценија ова да го прави.
Меѓутоа со оглед на тоа како Кристијано се грижи за себеси со години, како тренира, работи и не е изненадување и останува отвореното прашањето кога ќе се пензионира, поточно според Димитар Бербатов единствениот одговор на оваа дилема ја има само португалскиот голгетер.
-Роналдо ќе застане кога ќе посака да престане. Кога се грижите за себе онака како што тој се грижи, имајте го тимот околу вас каков што го прави тој, шансите да играте фудбал подолго од очекуваното стануваат поголеми. Во случајот на Кристијано, мислам дека тој има шанса да игра уште две или три години. Луѓето ќе речат дека тој игра во побавна лига која не е толку добра како Премиер лигата, но тоа не е важно.
-Тој се уште докажува дека оди силно, особено неодамна со неговите настапи и голови за Португалија. Тој и помогна на Португалија да се квалификува за ЕП и еден ден ќе дојде неговиот последен турнир, се разбира, но да не размислуваме за тоа уште. Да го оставиме на мира и сигурен сум дека наскоро ќе не изненади со уште една одлука. Во моментов, Кристијано гази силно така што треба да уживаме да го гледаме како игра додека тој не одлучи дека е доволно, -порача Бербатов за „Бетфер“.
-
Шпанијапред 18 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 14 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 13 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 17 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 15 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Англијапред 19 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг