Англија
Бербатов за конфликтот во Јунајтед: Санчо се преценува себеси

Димитар Бербатов го коментирал конфликтот меѓу Ерик тен Хаг и Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед и застанал на страната на менаџерот.
Поранешниот напаѓач на „црвените ѓаволи“ смета дека англискиот репрезентативец треба да му се извини на менаџерот и на тој начин да се обиде да се врати во тимот.
– Ако Санчо продолжи вака, нема ништо да постигне и ќе биде се подалеку од клубот.
– Најмногу сум разочаран од фактот што оваа тема стана јавна и сите ја коментираат. Секогаш имало и ќе има вакви конфликти, но не треба да стигнат до јавноста на ваков начин.
– Менаџерот е главен, мислам дека Санчо треба да се извини и да си ја сфати грешката, а потоа да се бори за место во тимот преку тренинзите.
– Во вакви ситуации фудбалерите често се преценуваат себеси, Санчо не може да се споредува со Кристијано Роналдо, затоа што тој имаше освоено се со клубот. Санчо се преценува бидејќи нема освоено ништо, колку и да е талентиран, тоа не го покажал во Јунајтед. Ако не реши да се промени, факт е дека двете страни ќе се разделат, – изјавил Бербатов.
-
Шпанијапред 19 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 14 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 14 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 17 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 16 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Англијапред 13 часа
Борусија и Манчестер Јунајтед на тајни преговори за размена во јануари