Англија
Бербатов со уникатно видео го прослави враќањето на Манчестер Јунајтед на првото место на табелата

Како и што се очекуваше, Манчестер Јунајтед славеше доста тешка победа на гостувањето на „Турф Мур“ кај Барнли.
„Ѓаволите“ славеа со минимални 1:0, а единствениот гол на средбата беше дело на Пол Погба во втората половина од второто полувреме.
Со оваа победа Манчестер Јунајтед се искачи на врвот на првенствената табела со 36 бодови од 17 одиграни средби, три повеќе од Ливерпул кој е нивен следен противник.
„Ѓаволите“ за прв пат по далечната 2012 година се на врвот на премиерлигашката табела по 17 одиграни кола, во сезоната кога последен пат беа први на крајот и ја освоија титулата предводени од големиот Сер Алекс Фергусон.
Враќањето на врвот на табелата го прослави и поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов кој од својот дом упати видео на кое ја пее познатата навивачка песна на „ѓаволите“.
– Правиме што сакаме, правиме што сакаме, ние сме Манчестер Јунајтед, правиме што сакаме, -порача низ песна некогашниот голгетер на Јунајтед.
Berba enjoyed that one 😂🇧🇬 pic.twitter.com/sfU2d3t5TZ
— utdreport (@utdreport) January 12, 2021

- Германијапред 12 часа
„Скај Германија“ јавува нов момент во врска со Алаба: Ништо не е готово, Захави ќе чека друг тим
- Светпред 11 час
Уште еден Македонец во 23-кратниот унгарски шампион: Миовски доби сонародник во МТК Будимпешта (ВИДЕО))
- Англијапред 13 часа
Пол Погба јавно се извинил на своите соиграчи од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 10 часа
Меси ја дозна казната од „дисциплинците“ за црвениот картон против Билбао
- Англијапред 16 часа
Карагер сигурен дека еден фудбалер на Ливерпул ќе го загуби првотимскиот статус по лошите изданија
- Италијапред 13 часа
Милан не запира, сега влезе во преговори со Барселона за ангажман на играчот на „каталонците“
- Светски првенствапред 11 час
Годините се само бројка: Лазаров има 40, ама игра како да има 20 години (ВИДЕО)
- Светски првенствапред 9 часа
Митревски: Немаме што да загубиме, не се залетуваме, ама нема и да се предадеме