Балкан
Бербатов со судска одлука доби право на претседателски избори во бугарската федерација
Димитар Бербатов добил судска одлука со која Бугарската фудбалска федерација ќе треба да организира претседателски избори, а тој ќе му биде противкандидат на актуелниот предводник, Борислав Михајлов.
Михајлов беше претседател до 2019 година, кога поднесе оставка по расистичкиот скандал во Софија, односно сериозните навреди кои беа упатени на сметка на англиските репрезентативци за време на гостувањето во бугарската престолнина.
Михајлов тогаш се повлече, но две години подоцна повторно се врати на функцијата, повлекувајќи ја оставката, без да овозможи избори на кои Бербатов најави кандидатура.
Одлуката на судот сега наложува дека мора да има избори, по што избраниот претседател ќе си добие регуларен мандат.
– Веќе ги информиравме ФИФА и УЕФА за одлуката.
– Ако федерацијата одбие, ние ќе ги организираме изборите. Се надевам дека УЕФА ќе испрати свои претставници, – изјавил Бербатов.
-
Англијапред 12 часа
Сити беше на колена, па за пет минути направи чудесен пресврт и ја одбрани титулата во ПЛ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Играч на Реал го „поздрави“ Мбапе: Да се биде дел од Мадрид е привилегија која не може секој да ја има!
-
Македонијапред 22 часа
Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!
-
Македонијапред 10 часа
Давидовски по триумфот во ТЦР Европа: Знаев дека победата е на дофат!
-
Шпанијапред 20 часа
Последната објава на Бензема предизвика лавина од реакции: Карим изневерен од Мбапе (Видео)
-
Италијапред 9 часа
Ибрахимовиќ во елемент: Излезе да слави титула со пура и шампањ (ВИДЕО)
-
Светпред 18 часа
Класа потег: Иџе и Вуков први му честитаа на Давидовски за историскиот успех (Фото)
-
Францијапред 18 часа
Лизаразу во неверица: Мбапе фрли на колена една земја и најголемиот клуб во светот!