Македонија
Бербатов со посебни комплименти за својот идол Панчев: Немам многу зборувано за него, но тој беше неверојатен

Димитар Бербатов е еден од најдобрите играчи во историјата на бугарскиот фудбал и е надалеку ценет поради сето она што го оствари во Премиер лигата, вклучувајќи ги и настапите за Манчестер Јунајтед.
Бугаринот важеше за расен голгетер и фудбалер од старата школа кој секогаш знаеше да изреагира како класична „деветка“, а сега стана уште поинтересен за македонската јавност бидејќи самиот откри дека негов најголем идол бил Дарко Панчев.
Во ексклузивното интервју кое го направил за српски „Спортал“ на „Блиц“, поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед признава дека негов омилен играч била „Кобрата“ од Скопје, пред се поради начинот на кој Дарко лесно ги матираше противничките голмани.
– Ако се навратам во минатото, еден од моите најомилени играчи е Дарко Панчев. Немам многу зборувано за него, но тој човек беше неверојатен…..
– Постигнуваше голови на секакви начини, го обожавав начинот на кој го прави тоа. Звезда тогаш имаше неверојатен тим, а Панчев го сакав и поради неговото име, секогаш ми одѕвонуваше: Дарко Панчев! Тој навистина ми беше омилен, – открива Бербатов.
-
Светпред 24 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 13 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Англијапред 4 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Шпанијапред 12 часа
Анчелоти: Џирона може да се бори за титулата
-
Германијапред 23 часа
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)