Поврзете се со нас

Англија

Бербатов со искрен коментар за периодот кога пристигнала понудата од Тотенхем: Си реков, каде се понудите од Барселона, Реал или Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Димитар Бербатов вниманието на светската фудбалска јавност кон себе го сврти со настапите во редовите на Баер Леверкузен.

Бугаринот блескаше во дресот на „фармацевтите“, па во 2006 година реализираше трансфер во редовите на Тотенхем вреден 16 милиони евра.

Бербатов сега се сети на чувствата кои ги имал во тој период кога пристигнала понудата за трансфер на „Вајт Харт Лејн“.

– Си помислив: „Чекај, ме сакаат од Тотенхем? Нема понуди од Барселона, Реал Мадрид или Манчестер Јунајтед?“ Си ги поставував тие глупави прашања зошто мислев дека сум толку добар за некој голем тим да ме купи.

– Кога сте млади мислите дека знаете се и дека имате одговор на сите прашања, а всушност немате ништо, -изјави Бербатов.

По две години од овој трансфер стигна понуда и од гигант, па Бербатов кариерата ја продолжи во Манчестер Јунајтед каде постигна 56 погодоци на 149 одиграни средби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни