Поврзете се со нас

Англија

Бербатов се согласува со англиската јавност околу најголемиот проблем на Јунајтед: Ако не донесат таков играч….

Објавено

на

Димитар Бербатов му испрати пријателски трансфер совет на Лука Јовиќ, но легендарниот бугарски напаѓач, го детектираше и најголемиот проблем на Манчестер Јунајтед, оној за кој зборува цела јавност во Англија веќе извесно време.

Бугаринот се согласува со своите колеги аналитичари и прогнозира дека Јунајтед ќе има долга и непријатна сезона доколку до крајот на летниот преоден рок не купи брз централен дефанзивец кој ќе може одлично да фукнционира со Хари Мегваер.

Капитенот на Јунајтед и Виктор Линделоф имаат слични каратеристики и поради тоа на противничките играчи им е многу лесно да играат против нив „еден на еден“, па поради тоа, Бербатов потенцира дека до крајот на преодниот рок приоритет број еден мора да биде брз стопер кој ќе може да го покрива Мегваер.

– Многумина имаат големи очекувања од Јунајтед и го детектираат главниот проблем. Навистина, потребен им е нов централен бек, а потоа со тек на време и дополнителни засилувања. На крајот од денот, ако Кристал Палас може да ви даде три гола, дефинитивно сте во неволја. Ако не се подобрат на оваа позиција, ќе имаат многу проблеми и сезоната ќе биде долга за сите нас.

– Потребен е нов партнер на Мегваер, тој е импресивен откако дојде, стана и капитен, но потребен му е друг тип на партнер. Потребен е брз играч, како што беше Рио Фердинанд за Немања Видиќ, – објаснува Бербатов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни