Поврзете се со нас

Англија

Бербатов прогнозира: Дербито на „Итихад“ ќе донесе четири гола, Арсенал ќе слави на незгодното гостување

Објавено

на

Дуелот меѓу Манчестер Сити и Ливерпул дефинитивно ќе го одбележи ова 13. коло во Премиер лигата иако има и уште неколку други интересни пресметки како Њукасл-Челси, Тотенхем-Астон Вила и Евертон-Манчестер Јунајтед.

Натпреварот меѓу „граѓаните“ и „црвените“ е прв на програмата и тоа денеска од 13:30 часот, а за истиот свој тип даде некогашниот ас на Тотенхем, Фулам и Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов.

-Имам чувство дека Сити ќе го победи Ливерпул овој викенд бидејќи нивниот квалитет е поголем. Ливерпул има повеќе пукнатини во одбраната од Сити, па поради тоа Сити ќе победи. Кога се работи за Ливерпул, не сум изненаден од нивниот почеток на сезоната, бидејќи тоа се Јирген Клоп и Салах. Во моментов добиваат поени и одат под радар. Во искушение сум да кажам нерешено, но мислам дека Сити ќе победи, -истакна Бугаринот кој смета дека конечниот резултат ќе биде 3-1.

Ова се останатите негови прогнози:

Барнли-Вест Хем 2-1

Лутон-Кристал Палас 2-1

Нотингем Форест-Брајтон 1-1

Шефилд Јунајтед-Борнмут 1-0

Брентфорд-Арсенал 0-2

Тотенхем-Астон Вила 3-1

Њукасл-Челси 1-1

Евертон-Манчестер Јунајтед 1-1

Фулам-Вулверхемптон 2-1

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни