Поврзете се со нас

Англија

Бербатов посебно е фрустриран од една ѕвезда на Јунајтед: Бесен сум кога го гледам

Објавено

на

Димитар Бербатов е критички настроен кон неколку играчи кои веќе некое време играат далеку под стандардите кои ги бара клуб како Манчестер Јунајтед, но едно од најголемите разочарувања е играчот за кој пред 18 месеци беа платени 95 милиони евра.

Антони не успева да се навикна на премиерлигашкиот фудбал и од стартот на сезоната нема забележано ниту еден гол и ниту една асистенција, а доколку тоа не се промени до крајот на оваа натпреварувачка кампања, Бербатов смета дека Бразилецот не треба да добие и „трета шанса“ на театарот на соништата.

– Имам одредени симпатии кон Антони поради фудбалскиот талент кој го поседува, можам да видам дека поседува навистина добри потези. Но, кога го гледам како игра, често забележувам дека се фрустрира и се нервира кога не му успева тоа што го замислува. Често ги комплицира работите повеќе од што треба и ја губи топката.

– Антони треба да добие совети и треба да ги прифати истите. Некој треба да му каже кога треба да трча, а кога да се ослободи од топката. Ако не може сам да најде одговор за тоа, треба да побара помош од тренерот, од некој пријател, од агентот, од неговиот татко, од било кого.

– Можам да зборувам за мене. Јас кога го гледам како фан, станува бесен и фрустриран. Ако не може да ја промени актуелната ситуација, тогаш треба да си оди. Една сезона е малку да му се суди на некого, но две се доволно. Ако ги коригира своите грешки, има шанси да добие нова шанса, ако не го подигне стандардот до крајот на сезоната, мислам дека треба да си ја бара среќата на друго место, – вели Бербатов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни