Поврзете се со нас

Балкан

Бербатов организираше „паралелно“ собрание на кое е сменето раководството на бугарската федерација

Објавено

на

Дел од бугарските клубови кои го поддржуваат Димитар Бербатов денеска организирале вонредно собрание на Бугарската фудбалска федерација и му изгласале недоверба на претседателот Борислав Михаилов.

75 делегати гласале за Михаилов да биде сменет од претседателската функција, како и за други промени поврзани со раководните структури на федерацијата.

Михаилов и федерацијата веднаш лиферуваа соопштение во кое го осудија, според нив нелегалното собрание и побарале асистенција од УЕФА и ФИФА.

Една од поважните усвоени точки на „паралелното“ собрание била ограничувањето за извршување на претседателската функција на три мандати.

Фракцијата која денеска заседавала треба да го избере поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед како нов претседател, а негови главни соработници се некогашните колеги од националниот тим, Стилијан и Мартин Петров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни