Поврзете се со нас

Англија

Бербатов не верува во Рангник: Не знае како се работи во толку голем клуб

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Навивачите на Манчестер Јунајтед не се задоволни од резултатите сезонава, но се уште се трпеливи со привремениот менаџер Ралф Рангник, кој треба да донесе враќање на старите патеки на великанот од „Олд Трафорд“.

Од друга страна, постојат фанови како Димитар Бербатов, кои не се убедени дека Рангник знае што прави во Јунајтед.

Поранешниот напаѓач на „црвените ѓаволи“ го сподели своето мислење за ситуацијата.

– Јунајтед треба да се подобрува многу, но јас не верувам во Рангник.

– Тој никогаш нема водено толку голем клуб, ова е друго ниво, а Рангник не знае како да успее во топ клуб.

– За неговите квалитети се зборува многу, Клоп и Тухел го почитуваат, но водењето на Манчестер Јунајтед е многу поинакво од она што го правеше во минатото, – вели Бербатов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни