Поврзете се со нас

Англија

Бербатов: Кејн е во иста ситуација како мојата во 2008 година

Објавено

на

Димитар Бербатов смета дека Хари Кејн се наоѓа во идентична ситуација со таа во која Бугаринот бил во 2008 година, односно пред да потпише за Манчестер Јунајтед.

Англиските медиуми тврдат дека напаѓачот најсериозно досега размислува за разделба со Тотенхем и постојат големи шанси тоа да се случи летово.

– Мојот последен чекор беше трансферот во Јунајтед, иако знаев дека ќе разочарам многу луѓе, посебно фановите на Тотенхем.

– Но, јас го следен сопствениот пат, знаев дека вторпат можеби нема да добијам таква можност, во фудбалот тоа е реалност и понекогаш мора да донесе тешки одлуки. Мислам дека Кејн во моментов е во иста ситуација, затоа што веќе почна да поставува прашања и можеби неговата глава е на друго место.

– Тоа ми се случуваше и мене, а мислам дека беше реалност и за Кристијан Ериксен. Ги гледав неговите последни два настапа за Тотенхем, тоа не беше вистинскиот Ериксен кој го познаваме. Кејн е во иста позиција, фактот што не освојува трофеи е голем проблем за него, – истакнува Бербатов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни