Англија
Бербатов ја посочи клучната грешка која ја прави Хојлунд
Расмус Хојлунд пристигна како огромно засилување за нападот на Манчестер Јунајтед во текот на летниот преоден рок, но младиот Данец доби преголемо одговорност за негова возраст и засега има доста бавна адаптација на англискиот фудбал.
Познатите критичари се почесто го напаѓаат поранешниот фудбалер на Аталанта, од една страна поради лошите голгетерски бројки зад неговото име, но последно и поради нереализираните шанси кога ќе влезе во добра прилика за гол.
Хојлунд дефинитивно не ја добива потребната поддршка од крилните фудбалери на Јунајтед и не добива топки за централен напаѓач, па Димитар Бербатов смета дека Данецот си го прави најголемиот проблем кога се обидува да помогне далеку од местото кадешто е најдобар.
– Кога ги гледате натпреварите на Јунајтед, брзо сфаќате дека Хојлунд не добива многу употребливи топки. Но, дури и кога ќе добие, реакцијата не е баш најдобра. Од мојата анализа како поранешен напаѓач, можам да сфатам дека тој брзо се нервира и се иритира кога не добива топки. Сака да биде поинволвиран, а кога го прави тоа, почнува да прави други работи и самиот си ги комплицира работите.
– Наместо да седи во шеснаесетникот, прави други работи надвор од него и потоа е изморен кога треба да ја завршува акцијата. Јас верувам во него и верувам дека ќе се поправи. Тој не треба да прави непотребни излети на крило, треба само да ја чека својата шанса и да истрча пред дефанзивците во шеснаесетникот. Треба да биде подготвен кога ќе добие топка, дури и ако е само една шанса на меч. Имам големи симпатии кон него и знам колку е тешко да се излезе од дупката во која е паднат цел тим. Добра вест за него е тоа што е многу млад и што иднината е пред него. Сепак, најдобро ќе биде што поскоро да постигнува голови, бидејќи на напаѓачите им се суди само за тоа, – вели Бербатов.
-
Англијапред 22 часа
Мегваер го откри ставот на играчите на Јунајтед за менаџерот Тен Хаг
-
Англијапред 17 часа
Гулит: Зиркзе направи грешка, требаше да се пресели…
-
Конференциска лигапред 22 часа
Чурлинов по голот за победа на Јагелонија: Не знам дали ќе можам да спијам вечерва
-
Лига на шампионипред 22 часа
Миовски по дебито во ЛШ: Ми се оствари сонот, но за жал…
-
Англијапред 20 часа
Кол за статусот на Тен Хаг во Јунајтед: Ќе бидам изненаден…
-
АТПпред 13 часа
Виландер: Ѓоковиќ е посебно човечко суштество, но може ли да биде добар…
-
Италијапред 21 час
Ди Канио: Ова се бара од Влаховиќ…
-
Англијапред 18 часа
Барселона и Атлетико во трка за големиот борец на Арсенал