Поврзете се со нас

Англија

Бербатов: Има една голема разлика меѓу мојот трансфер и ова што го прави Кејн!

Објавено

на

Димитар Бербатов беше само една од големите ѕвезди на Тотенхем кои во минатото направија трансфер во поголем клуб, а во неговиот случај, тоа беше Манчестер Јунајтед.

Бугаринот кој блескаше во нападот како центарфор на „петлите“, реши дека сака поголем предизвик и тим во кој ќе освојува титули, но 13 години по неговиот трансфер на „Олд Трафорд“, фановите на Тотенхем се наоѓаат во ситуација повторно да го загубат својот најдобар голтетер.

Хари Кејн ги стартуваше подготовките со бојкот и не се појавува на тренинзите од почетокот на неделата, сето тоа како дополнителен притисок врз упрвата да му даде дозвола за трансфер кој толку многу го посакува.

– Искрено, многу сум изненаден од ова што го прави Кејн, сметам дека тоа не е вистинскиот начин. Јас никогаш не бојкотирав тренинг и тоа е главната и голема разлика меѓу двете ситуации. Јас не протестирав и бев редовен на тренинзите, иако на двапати реков дека не сакам да играм на натпревар. Главата не ми беше тука и сметав дека е подобро да игра друг соиграч.

– Тренингот е сосема друго и се надевам дека Хари ќе се врати на тренинзите, без оглед на тоа колку тешко изгледа ситуацијата. Сакам брзо да се реши оваа ситуација, иако мојата прогноза е дека ќе се реши во последниот ден од летниот преоден рок, – прогнозира Бербатов во интервјуто за „Сан“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни