Лига на шампиони
Бербатов: Голот на Зидан беше неверојатен, но Реал имаше друг спасител во тоа финале
Димитар Бербатов беше дел од сензационалниот тим на Баер Леверкузен кој во 2002-ра година загуби од Реал Мадрид во големото финале во Глазгов, а како пресуден момент се покажа неверојатниот волеј гол на Зинедин Зидан за триумф од 2:1 на „кралевите“.
Осумнаесет години подоцна, легендарниот бугарски напаѓач се сеќава на тој натпревар како да се одигра вчера, па превејќи една рекапитулација за сето она што го доживеа таа ноќ, не пропушти да нагласи дека Реал Мадрид имал друг херој, а воедно и спасител.
Сите добро се сеќаваме дека Икер Касилјас блесна на највисоката сцена токму во тоа финале, бранејќи неколку неверојатни топки кога Германците тргнаа по израмнување и кога според шансите, го заслужија тоа.
– Кога Зидан го постигна тој неверојатен гол, се чувствував како срање. Јас бев позади и гледав се од позадина. Се сеќавам како Роберто Карлос ја стигна топката и ја нафрли во шеснаесетникот. Тоа беше тежок пас, но среќата сакаше Зидан да се најде на вистинско место во вистинско време. Начинот на кој го изведе шутот, верувајте ми дека малкумина можат да го направат тоа. Кога го гледате тоа од блиску, се чувствувате лошо. Не можев да поверувам каков гол ни даде, – вели Бербатов за „Бетфер“ и додава.
– Заслуживме повеќе во тоа финале, но тие имаа свој спасител. Тогаш Икер Касилјас започна да биде еден од најдобрите во историјата. Тоа беше неговиот старт. Се сеќавам како да беше вчера. И нашиот голман беше во нивниот шеснаесетник, јас ја удрив топката со глава и одеше во гол, но Икер ја спаси со ногата на гол линијата. Тој меч беше создаден за Икер, беше предодредено да ги спаси сите топки и да го спаси Реал Мадрид. Неговото издание беше спектакуларно, – заврши Бугаринот.
-
Шахпред 11 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Балканпред 24 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 11 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 9 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Светпред 13 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ
-
Шпанијапред 16 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 15 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки