Поврзете се со нас

Свет

Бербатов го промени ставот: Мурињо е во право, му поставувам само едно прашање на Бејл….

Објавено

на

Жозе Мурињо отвори сомнеж за фудбалската професионалност на Герет Бејл со својата последна изјава на прес-конференцијата, а сега на обраќањето на португалскиот стручњак се надоврза и човекот кој долго време постојано го штитеше Велшанецот од нападите и застануваше во негова одбрана.

За разлика од обично, Димитар Бербатов сега се сврте против играчот за кој имаше навистина големо мислење и за кого веруваше дека фудбалски ќе се рехабилитира во Тотенхем, откако медицинските прегледи покажале дека нема никаква повреда, иако тој го пропушти натпреварот против Евертон поради проблеми кои самиот ги пријавил.

Мурињо најави дека Бејл наредните денови ќе работи за медицински експерти за зацврстување на проблематичната мускулна зона, но тоа не е никакво оправдување во очите на Бербатов кој најавува дека огромен проблем ќе има и Реал Мадрид со некогашниот фантастичен фудбалер кој како да изгледа изморен од фудбалот.

– Ако на Бејл навситина му направиле „скен“ и се покажало дека нема никаква повреда, тогаш имаме проблем. Да беше обратно, ќе беше се во ред. Вака излегува дека тој не сака да игра иако е во добра кондиција. Не се чувствуваш комотно за игра, а немаш повреда? Што ли значи тоа кога немаш повреда?

– Нормално е тоа што Мурињо не е задоволен. Враќањето на Бејл започна добро, имаше големи очекувања од сите, но ова се претвора во лоша ситуација за Тотенхем, се претвора во кошмар за Бејл и не знам дали ќе се поправи. Не верувам дека ќе има среќен крај, Тотенхем нема да го задржи. Очигледно е дека ќе се врати во Реал Мадрид, Тотенхем нема да го откупи во вакви услови. Моето прашање е следно: Каде ќе заврши Бејл? Со овој ритам, тој ќе остане далеку од своето најдобро светло, а тоа значи дека се враќа во Шпанија во прв момент каде е под договор со Реал. Можеби и самостојно ќе сака да го прекине договорот со Реал Мадрид, – пишува Бербатов во својата колумна за „Бетфер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни