Поврзете се со нас

Англија

Бербатов го охрабрува Аморим да го земе со себе и најдобриот играч од Спортинг: Ова во Јунајтед е засрамувачки

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Димитар Бербатов во свое време беше навикнат да игра покрај извонредни голгетери во Манчестер Јунајтед, но и самиот тој беше неверојатен во шеснаесетникот и знаеше да реши натпревар со еден потег.

Се чини дека актуелниот тим на Манчестер Јунајтед не поседува играч со такви квалитети, па затоа Бугаринот го охрабрува Рубен Аморим во блиска иднина да го донесе најдобриот голгетер на Спортин Лисабон.

Виктор Ѓекереш поставува нови голгетерски стандарди во Португалија, а Бербатов верува дека тој би можел да ги реши голгетерските проблеми кои владеат на „Олд Трафорд“ веќе подолго време.

– Виктор Ѓекереш постигнува голови како на лента веќе некое време. Мислам дека тој има специјална конекција со Аморим и затоа сметам дека можеме да го видиме во црвениот дрес на Јунајтед.

– Од тоа што го гледам, тој би бил неопходен за Јунајтед. Нашите напаѓачи не постигнуваат голови. Гледајќи ја статистиката за постигнати голови во Премиер лигата, ние сме на 18-то место и тоа е засрамувачки за клуб со реноме како Јунајтед. Дефинитивно мора да видиме подобрување на напаѓачките позиции, – вели Бербатов.

Манчестер постигна девет гола во првите десет рунди во Премиер лигата, а полоша гол статистика во напад имаат само Кристал Палас со осум и Саутемптон со седум постигнати погодоци.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни