Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бербатов го издвои тимот кој е фаворит за пехарот во ЛШ

Објавено

на

Поранешниот член на Баер Леверкузен, Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Фулам и Монако, Димитар Бербатов го соопшти својот фаворит за титулата во Лигата на шампионите.

Елитното натпреварување е прекинато од месец март поради пандемијата со КОВИД-19, но се очекува истото да се врати на големата сцена и да ја има завршницата во текот на месец август. Сепак за ова се уште нема потврда, но без разлика на тоа Бербатов даде прогноза за тоа кој би можел да се радува на трофејот.

-Гледајќи ја овогодинешната Лига на шампиони, се повеќе сметам дека Баерн Минхен ќе ја освои, секако ако продолжи. Можеби затоа што многу гледам Бундеслига, но тие секогаш импресионираат со квалитетен фудбал и имаат некои одлични играчи.

-Начинот на кој го средија Челси во последниот натпревар беше неверојатен, тоа го сторија со толку леснотија. Ми се допаѓа како изгледа и Атлетико Мадрид, тие исто така произведуваат одличен квалитет на фудбалот.

-Не сум сигурен како паузата ќе влијае на сите, но Баерн Минхен може да има мала предност затоа што тие сега играат фудбал и ја враќаат натпреварувачката острина, не би бил изненаден ако сега тие се фаворити ,-рече Бербатов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни