Свет
Бербатов го издвои својот омилен фудбалер: Го сака цела Европа, ќе стане комплетен играч
Димитар Бербатов редовно ги објавување своите петочни колумни за „Бетфер“ и коментира разноразни случувања во светскиот фудбал, а со оглед на тоа што актуелно е враќањето на Бундеслигата, Бугаринот даде свој коментар за еден од најголемите таленти од Германија.
Бербатов играше за Баерл Леверкузен и не е чудно што „фармацевтите“ се негови фаворити во Германија, а сега откри дека еден играч од првиот тим е на врвот на неговата листа на омилени.
Станува збор за Кеи Хаверц, фудбалерот кој го посакува речиси цела Европа, а кој допрва треба да донесе конечна одлука за тоа каде ќе продолжи.
– Јас си имам свои омилени играчи кои уживам да ги гледам. Најчесто го гледам Баер Леверкузен, имав неверојатни години таму, ме изградија како човек и затоа најмногу ги гледам.
– Еден нивни играч посебно го сакам Каи Хаверц е еден од најталентираните играчи во Бундеслигата. Тој е млад и го сака цела Европа, сите големи клубови го следат неговиот прогрес. Тој е брз, брзо размислува, ја има потребната визија и добро го скенира теренот. Далеку е од комплетен играч, но ќе стане тоа кога ќе го преземе следниот чекор во кариерата. Навистина уживам да го гледам и се надевам дека ќе расте како досега, – вели Бербатов.
-
Англијапред 24 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 23 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 23 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Англијапред 21 час
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
АТПпред 12 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Англијапред 8 часа
Њукасл го исфрли Сити од Лига Купот, нова „два во еден“ партија на Ливерпул (ВИДЕО)