Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бербатов го истипува со точен резултат финалето на ЛШ: Сакам приказна каква што заслужуваат

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Вечерва целиот фудбалски свет ќе биде фокусиран на Лондон или поточно на „Вембли“ каде ќе се игра големото финале на Лигата на шампионите каде Борусија Дортмунд ќе го предизвика Реал Мадрид, тимот кој ја брка, посакува 15. титула во најквалитетното натпреварување на стариот континент.

Дуелот е атрактивен, привлечен поради повеќе причини и токму поради тоа со големо внимание ќе се испрати завршниот меч во натпреварувачката 2023/2024.

Сите му ја доделуваат фаворитската улога на Реал, но во исто време има и доста луѓе кои веруваат дека ќе има изненадување и дека Борусија ќе биде таа што по вторпат во својата историја ќе го грабне најпрестижниот пехар.

-Отсекогаш сум ги сакал овие приказни каде што малиот го победува големиот. Дури и кога играв за Јунајтед ми беше интересно да ги гледам помалите. Дортмунд е аутсајдерот, а Реал фаворитот. Можеби влечам кон Борусија. Понекогаш финалињата се здодевни бидејќи влогот е толку голем. Предвидувам 2:1 за Дортмунд. Сакам приказна каква што заслужуваат. Тие имаат едно загубено финале овде. Некогаш судбината ти се одмаздува, а можеби и не, -порача Димитар Бербатов за „БТВ“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни