Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бербатов: Бензема има само еден проблем, Сити мора да го искористи големиот минус на Реал

Објавено

на

Димитар Бербатов во својата редовна колумна за „Бетфер“ направи посебна анализа за дуелот кој следи во Лигата на шампионите, односно највозбудливиот реванш во осминафиналето кое се игра во петок.

Манчестер Сити на домашен терен ќе го пречека големиот Реал Мадрид во пресметката која предизвикува најголемо внимание пред рестартот на најелитното натпреварување, дуел пред кој Бербатов не штедеше комплименти за Карим Бензема, но го нагласи и моментот кој избраниците на Пеп Гвардиола ќе мора да го искористат.

– Бензема е еден од најдобрите напаѓачи во светот со години наназад. Имаше лоша среќа што со години беше во сенка на Роналдо, беше споредуван со него предолго. Откако Кристијано си замина, докажа за каков неверојатен фудбалер станува збор.

– Карим поседува се што треба. Тој е брилијатен голгетер и доби големи критики од луѓе кои се важни во фудбалот, но оние што добро ја сфаќаат оваа игра, знаат дека тој е фантастичен. Единствен проблем му е тоа што нема човек за односи со јавност како оној на Кристијано Роналдо, – вели Бербатов, а потоа нагласува дека Сити мора да го искористи тоа што Серхио Рамос нема да игра на реваншот.

– Рамос е загуба за Реал од гигантско значење. Рамос не може да се замени во Реал, како играч и како капитен. Тој ги повлекува сите конци од позади, Сити мора да го искористи неговото отсуство, – заклучува Бербатов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни