Бербатов: Бејл испадна навистина глупав со тоа што го направи!

Wales v Hungary - UEFA Euro 2020 Qualifier

Герет Бејл го навлече гневот меѓу фановите на Реал Мадрид во текот на изминативе 20 часа, од едноставна причина што пласманот на Европското првенство како најголема ѕвезда на Велс го прослави на крајно провокативен начин.

Поточно кажано, Бејл се исмеваше со фановите на Реал Мадрид во моментите на голема еуфорија, бидејќи заверената виза за континенталниот турнир ја прослави со контроверзниот банер кој го подготвија фановите на Велс, а кој стана топ тема во последните неколку дена. Истиот беше инспириран од една неодамнешна изјава на легендарниот Мијатовиќ, а според која, за Бејл на прво место е Велс, на второ играњето голф, а дури на трето Реал Мадрид.

Токму овој банер се најде во прв план за време на тимската прослава на Велшаните, а со оглед на тоа што невнимателниот Герет наиде на огромни критики, се јави и човекот кој обично секогаш застанува во одбрана на Бејл.

– Белј испадна навистина глупав со тоа што го направи. Не може да славите со тој банер. Сигурно е дека постојат тензии меѓу Бејл и Реал Мадрид, а и нормално е да го стави Велс пред се друго. Сепак, нема никаква потреба да слави на таков начин. Можеби он се шегува, но со ова си создаде непотребна полемика, – порачува Бербатов за „Бетфер“.

Бејл се потсмеваше со Реал Мадрид додека го славеше пласманот на ЕП со Велс! (Видео)

Facebook Коментари