Поврзете се со нас

Англија

Бербатов: Арсенал е новиот Стоук!

Објавено

на

foto:x.com/ManUtd

Арсенал перфектно ја разработи својата тактика за прекини и со два слични гола при мешаници во шеснаесетникот му зададе два тешки удари на Манчестер Јунајтед, па така запиша нова победа во пресметките со големиот ривал.

„Топчиите“ освоија нови три бода и го одработија планираното, но по остварената победа, речиси цела Англија зборува за прекин страгегијата која играчите на Арсенал ја доведоа до совршенство.

Рубен Аморим како менаџер на Јунајтед нагласи дека единствената разлика меѓу двата тима била прекин играта, а со интересен коментар во јавноста се јави и Димитар Бербатов, кој оваа фудбалска карактеристика на Арсенал ја спореди со онаа на Стоук од пред десетина години.

– Премиер лигата е единствената лига во свеотот каде е дозволено да има толку играчи околу голманот, единствената лига каде е дозволено да има толку туркања и толкав хаос во шеснаесетникот. Во други лиги ќе видиме прекршоци, но во Англија не.

– Мора да бидете силен и да се навикнете на условите, а очигледно играчите на Арсенал и тоа како се усовршени во овој сегмент. Аморим сигурно се прашувал „што се случува околу мојот голман“…….

– Ќе мора да работат на тоа, особено на натпревари во Премиер лигата. Како што се шегуваме во фудбалските кулоари во последно време, Арсенал е новиот Стоук Сити, нивната игра се повеќе се потпира на прекини кои носат победи. Така беше и овојпат против Јунајтед, – порачува Бербатов.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни