Франција
Бензема: Тие што го критикуваат Меси не знаат ништо за фудбалот

Лионел Меси од оваа сезона го носи дресот на францускиот вицешампион Пари Сен Жермен, клуб во кој досега не заблеска онака како што се очекуваше по доаѓањето од Барселона.
Аргентинецот имаше одредени проблеми од самиот старт затоа што ја пропушти претсезоната и тоа дефинитивно влијаеше врз него, а секако тука е и факторот нова сезона, тим кој е далеку поразличен од претходниот во кој ја мина целата досегашна кариера.
Карим Бензема долго време е во Шпанија и имаше можност одлиску да се натпреварува со Меси за кога има само пофални зборови, односно не му е јасно како може некој да го критикува аргентинскиот репрезентативец.
-Ќе биде чудно сега пак да се сретнеме по толку години поминати во Барселона. Тој е еден од најдобрите играчи во светот, -изјави Бензема најавувајќи го натпреварот помеѓу Реал и ПСЖ во Лигата на шампионите.
-Зошто досега не покажа се што може во ПСЖ? Потребно е време за да се прилагоди, адаптира. Ама погледнете што прави на теренот. Не можете само така да критикувате таков играч. Кој го критикува Меси, навистина не се разбира во фудбал, -рече членот на „кралевите“ кој имаше што да каже и за Килијан Мбапе.
-Ќе биде интересно, бидејќи сме во добри односи. Ќе видиме што ќе се случи. Сакам да победувам, сигурен сум дека тоа е неговата цел. Дали разговаравме за натпреварот? Искрено, разговаравме за повеќе теми, но се уште не за натпреварот, -заврши најдобриот стрелец на актуелниот лидер во Примера.
-
Шпанијапред 20 часа
Азар се врати и му ја скрши ногата на противникот, играчот на Кадиз покажа како изгледа стапалото (Видео)
-
Англијапред 21 час
Џака распали по соиграчите откако Арсенал си ги упропасти шансите за пласман во ЛШ: Седете си дома!
-
Францијапред 19 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 20 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Италијапред 17 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Англијапред 13 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
НБАпред 20 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
-
Светски првенствапред 9 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја