Поврзете се со нас

Шпанија

Бензема со кратка порака за играчот на кој му делеше лекции во Реал: Број еден (Фото)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ittihad

Карим Бензема си режираше сложена ситуација во Ал Итихад и засега не се знае дали ќе ги смири страстите со тренерот Галјардо, но од друга страна, Французинот самиот долови дека се уште ги следи случувањата кога е во прашање неговиот омилен клуб во Европа.

Французинот испиша своја историја во Реал Мадрид и изминатово лето изненади со одлуката да си замине од „Сантијаго Бернабеу“, па иако сега е многу далеку, сепак будно следи што се случува во шпанската престолнина.

Реал вчера ја надигра Џирона и со победа од 4:0 направи голем исчекор кон титулата, натпревар на кој посебно блескаше играчот кој сериозно напредуваше во партнерство со Карим и кој често знаеше да добива лекции од Французинот за себичната игра.

Винисиус Жуниор вчера одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата, а Бензема остана до толку импресиониран, што посочи дека тој во моментов е најдобар во светот.

– Број еден, – гласи кратката порака на Карим за Вини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни