Поврзете се со нас

Шпанија

Бензема се сретна со Винисиус во Џеда и откри што му порачал: Имав само една порака за него

Објавено

на

Foto:x.com/ittihad_en

Карим Бензема прифати да биде дел од една целосно нова култура во Саудиска Арабија и се привикна на условите кои се нудат во оваа земја, па така две години по реализираниот трансфер, Французинот воопшто не жали за својот потег.

Присуството на експедицијата на Реал Мадрид во Џеда направи Карим да има средба со голем дел од своите познати соиграчи од славните денови во Реал, но во разговорот со „Марка“, самиот обелодени дека посебно се задржал во комуникација со Винисиус Жуниор.

– Се сретнав со многу соиграчи од Реал и повеќе разговаравме како пријатели, отколку како професионалци. Повеќе зборувавме за приватниот живот отколку за фудбалот. Ги гледам натпреварите на Реал и коментиравме и по некој меч.

– На пример, со Винисиус Жуниор разговаравме за „Златната топка“, но и за обични работи од секојдневниот живот.

– Имав само една порака за него. Му реков да не обрнува внимание, да не го губи интензитетот и му порачав дека е најдобар во светот. Сигурен сум дека еден ден ќе ја освои „Златната топка“, – вели Бензема.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни