Поврзете се со нас

Свет

Бензема се повреди во најнезгоден момент за Ал Итихад (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/ittihad_en

Карим Бензема постигна гол од пенал за својот актуелен клуб Ал Итихад, но неколку минути подоцна ги загрижи фановите на шампионот на Саудиска Арабија.

Французинот се израдува на новиот погодок во првенството на азиската земја, за во 38. минута да биде принудно заменет поради очигледен проблем со кој се соочуваше.

Напуштањето на теренот е потврда дека Бензема чувствувал болка на теренот, а ова е најлош момент за Ал Итихад да остане без својот голгетер.

Екипата за десетина дена треба да настапи на Светското клупско првенство, на кое има сериозни амбиции, а ќе ги игра натпреварите на домашен терен во Џеда.

Прв противник на Ал Итихад е Оукленд Сити од Нов Зеланд на 12. декември, а со евентуална победа во четвртфиналето ќе се соочи со египетски Ал Ахли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни