Поврзете се со нас

Шпанија

Бензема: Сакав да се пензионирам во Реал, но…

Објавено

на

Францускиот ас, Карим Бензема ја завршува приказната со Реал Мадрид, а токму денеска имаше можност официјално да се збогува со клубот, навивачите, јавноста пред да се пресели во Саудиска Арабија во редовите на Ал Итихад.

Бензема од 2009 година го носеше дресот на „кралевите“, период во кој направи се што можеше да клубот, ги освои сите можни трофеи, се стекна со статус на легенда, па дефинитивно не му беше лесно да донесе одлука да си замине од средината каде беше главен, едноставно беше „Бог“.

-Ова е тажен ден затоа што го напуштам клубот. Потпишав за Реал и сакав овде да се пензионирам, но тоа не се случи на тој начин. Секогаш ќе бидам навивач на Мадрид. Им благодарам на навивачите кои секогаш ми ја даваа оваа сила. Ви благодарам на сите, -рече Карим кој му се обрати и на претседателот Флорентино Перез.

-Флорентино кога те видов, си помислил ова е човекот кој ги донесе Роналдо и Зидан. Тоа е неверојатно. Најважно за мене е дека се освоив, уживав како дете. И како што кажав на мојата промоција, еден, два, три, хала Мадрид, -порача Карим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни