Поврзете се со нас

Шпанија

Бензема: Реал не е ПСЖ, Мбапе има еден голем проблем…….

Објавено

на

foto:twitter.com/ittihad_en

Карим Бензема го напушти Реал МАдрид во период во кој беше во животна форма, но иако сега е далеку од Шпанија и игра во Саудиска Арабија, Французинот открива дека секојдневно ги следи случувата во тимот на Карло Анчелоти.

Бензема беше пример за тоа како треба да игра една „9-ка“ во најтрофејниот клуб во Европа, а судејќи го тешкиот старт кој го има Килијан Мбапе на оваа позиција, Карим гледа еден голем проблем кој ќе мора што побрзо да биде решен.

– Проблемот за Мбапе е тоа што тој не е централен напаѓач. Секојпат кога играше како „9-ка“ за Франција, не се чувствуваше комотно, тоа не е негова природна позиција. Најголем проблем за него е што на левата крилна позиција игра најдобриот играч во светот. Винисиус не може да го поставите десно или како централен напаѓач. Вини ја прави главната разлика на левата крилна позиција.

– Не верувам дека Карло ќе го помести Винисиус, тој е најдобар во светот на таа позиција. Мбапе мора да работи на себе и да си вреже во глава дека мора да биде „9-ка“. Треба да заборави на левата позиција, беше многу добар на таа позиција, но сега треба да биде на друга. Тој знаеше дека има огромен притисок во Реал Мадрид, ако не постигнеш гол на три меча, веќе те убиваат во јавноста. Го доведоа за да постигнува голови и тој знае во што влезе.

– Мбапе мора да работи да стане „9-ка“. Во Реал Мадрид има огромен притисок, Реал не е ПСЖ. Го советувам да не ја наведнува глава и да продолжи да работи, – вели Бензема во вклучувањето за „Ел Чирингито“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни