Поврзете се со нас

Шпанија

Бензема презентираше страшна фудбалска генијалност на последниот тренинг и самиот се пофали на Твитер (Видео)

Објавено

на

Со утрешната пресметка меѓу Барселона и Реал Сосиедад ќе започне полуфиналната програма во шпанскиот Суперкуп, турнир од кој дел се уште и Реал Мадрид и Атлетик Билбао кои пак силите ќе ги одмерат во четврток на стадионот во Малага.

По бурното патешествие до Памплона и непосакуваното реми против Осасуна, избраниците на Зинедин Зидан веќе се подготвуваат за суперкуп предизвикот и целта на Реал секако е да игра во финалето, а Карим Бензема како најава за полуфиналето со баскијците, сподели едно фантастично видео од денешниот тренинг.

Французинот им ја сподели фудбалската бравура од натпреварот кој го имал со своите соиграчи на денешниот тренинг, видео на кое се гледа дека Карим изрежија генијално само-додавање пред да ја смести топката во мрежата.

Фудбалската магија која ја изведе Бензема ни демонстрира каква страшна техника поседува напаѓачот на Реал, кој очигледно и самиот беше воодушевен од тоа што го направи, па се пофали со потегот на Твитер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни