Бензема поврзан со нов скандал, овојпат со вклучен обид за киднапирање

benzema

Француските медиуми вечерва објавија дека едно лице пријавило во полиција физички напад и обид за киднапирање од блиски соработници на Карим Бензема.

Фудбалерот на Реал Мадрид го загуби местото во француската репрезентација поради аферата со изнудување пари од Матје Валбуена, а сега неговото име повторно е поврзано со скандал во кој се вмеша и полицијата со своја истрага.

Инцидентот го пријавил Лео Д’Соуза, поранешен соработник на Бензема кој тврди дека неколку лица кои се познати како блиски пријатели и соработници на фудбалската ѕвезда физички го нападнале и се обиделе да го киднапираат среде Париз, а целта биле да го одведат во одредена просторија каде тој би имал разговор со Бензема преку социјалните мрежи. Наводно Д’Соуза му останал должен 50.000 евра на фудбалерот, а имале и други нерасчистени сметки, па Бензема побарал од своите најблиски да му помогнат во „средување“ на ситуацијата.

Facebook Коментари