Поврзете се со нас

Франција

Бензема: Мбапе е идеална солуција за Реал Мадрид

Објавено

на

Карим Бензема се врати во редовите на француската репрезентација, а покрај се останато, тоа значи дека доби можност и да игра во тандем со Килијан Мбапе.

Со оглед на фактот што членот на ПСЖ одамна се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, Бензема смета дека би биле идеално да станат клупски колеги.

– Ако дојде во Реал, тоа би било идеално.

– Сите големи фудбалери сакаат да дојдат во Реал еден ден, па се надевам дека со него тоа ќе се случи побрзо.

– Доколку сака да го напушти ПСЖ, тоа би била најдобра солуција, не знам што ќе се случи, но Мбапе ќе биде добредојден во Реал. Не сакам да го споредувам со никого бидејќи е млад, но тој е фудбалски феномен, – изјавил поискусниот Бензема.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни