Поврзете се со нас

Лига на нации

Бензема: Конечно дочекав трофеј со Франција, ќе продолжиме да победуваме

Објавено

на

Репрезентацијата на Франција не ја оправда улогата на прв фаворит на Европското првенство кое се одигра минатово лето, но тоа го остави зад себе и успеа да триумфира во Лигата на нации.

Французините беа најдобри на турнирот во Торино и тоа откако прво со пресврт ја добија Белгија (3-2), а по едно слично сценарио вчера славеа и над Шпанија (2-1) на „Сан Сиро“. На овој триумф многу му се израдува Карим Бензема со оглед на тоа што беше прв трофеј со националниот тим во кој долго беше „замрзнат“ од сегашниот селектор Дидие Дешамп.

-Ова беше ноќ од соништата од лична и тимска гледна точка. Навистина сакав конечно да освојам трофеј со Франција. Не беше лесно, но ја покажавме силата на карактерот на овој тим. Ние никогаш не се откажуваме. Тоа е она што ги карактеризира големите тимови, никогаш да не паничат и да бидат трпеливи. Успеавме да постигнеме два гола. Ќе го искористиме ова искуство максимално и ќе се подготвиме за Светското првенство…ќе продолжиме да победуваме, -порача Бензема кој даде старешен гол во финалето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни