Свет
Бензема ќе покрене постапка против францускиот министер: Ова е лага, тој никогаш не комуницирал со терористи

Карим Бензема во изминативе денови е во центарот на вниманието на француската јавноста и тоа по информациите дека е поврзан со терористичка група.
Министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманин ја објави оваа информација за да потоа реагира и сенаторката Валери Бојер која побара да му биде одземено француското државјанство на Бензема, но и освоената „Златна топка“.
Француска сенаторка побара да му бидат одземени „Златната топка“ и државјанството на Бензема
Искусниот голгетер се нема огласено по овие обвинувања, но затоа неговиот адвокат Хугуес Вижие најави дека најверојатно ќе биде поднесена тужба против Дарманин.
-Ова е лага. Тој никогаш немал ни најмал однос со оваа организација. Размислуваме да покренеме постапка против овој министер (Дарманин) според законот за манипулација со информации кој е толку драг на нашата влада.
-Со клевета, па дури и јавна навреда, бидејќи оваа непостоечка врска со Муслиманското братство, која според него е озлогласена, очигледно е претставена како погрдна. Не е прифатливо оние што владеат да веруваат дека се овластени да направат нешто од чист опортунизам, -порачал адвокатот.
-
Англијапред 24 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Англијапред 21 час
Сколс закачи две ѕвезди на Јунајтед по поразот од Њукасл: Тој му нанесе повеќе штета на тимот отколку добро
-
Англијапред 14 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Атлетикапред 21 час
Ивановски постави нов македонски рекорд на маратонот во Валенсија
-
Англијапред 20 часа
Мек Алистер за препирката меѓу Гвардиола и Нуњез: Јас се смеев…(ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
НБАпред 22 часа
Каков потег на најстариот играч во лигата: Леброн изведе магична пируета, соиграчите се фаќаа за глава (ВИДЕО)