Свет
Бензема ја посочи главната причина за трансферот во Ал Итихад
Францускиот напаѓач, Карим Бензема сосема неочекувано одлучи да ја заврши приказната со шпанскиот великан Реал Мадрид.
Иако се изгледаше дека Бензема ќе остане најмалку уште една кампања на „Сантијаго Бернабеу“ се се промени откако на негова адреса стигна понудата од Ал Итихад од Саудиска Арабија. Карим ќе заработува околу 200 милиони евра по сезона на Блискиот Исток, но тој тврди дека тоа е главната причина за неговото заминување од Реал и од европскиот континент.
-Тоа е затоа што сум муслиман и ова е муслиманска земја, отсекогаш сум сакал овде да живеам. Подготвен сум да го покажам мојот талент во овој нов предизвик, има толку многу големи имиња кои играат тука во оваа лига – Кристијано Роналдо и сега јас.
-Значи, многу е важно да се покаже дека саудискиот фудбал може да има глобално влијание, бидејќи тука не се работи само за добро играње, туку треба да го донесам успехот што успеав да го постигнам во Европа и да играм на ист начин како што правев со Реал Мадрид.
-[Роналдо] е мој пријател и тој е тука. Неверојатно е да се види него овде во Саудиска Арабија, исто така тој ја претставува новата ера на фудбалот во оваа земја и напредокот што се случува овде што е важно на меѓународно ниво, -порача Карим кој беше претставен пред повеќе до 60.000 луѓе.
-
Светпред 22 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото
-
Шпанијапред 22 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 12 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 12 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Германијапред 22 часа
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)
-
Англијапред 21 час
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
АТПпред 23 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава