Поврзете се со нас

Шпанија

Бензема: Имам само еден пријател

Објавено

на

Карим Бензема со години е дел од шпанскиот великан Реал Мадрид каде е еден од најважните играчи, човек кој има многу заслуги за успесите во изминатава деценија.

Французинот секогаш бил корисен за тимот, правел работи кои статистиката не ги бележи со тоа што по заминувањето на Кристијано Роналдо мораше да преземе поголема улога и да стана најдобар играч, голгетер на екипата.

-Заминувањето на Роналдо му дозволи да имам поинаква улога. Тој даваше по 50 гола секоја година и мора да се адаптираш на неговата игра. Тој е еден од најдобрите на светот и бев среќен што го имав крај себе, -вели Карим кој откри дека има само еден вистински пријател.

-Имам еден пријател што покажува колку е важно пријателството за мене. Парите ти го прават животот полесен, ама не ти требаат милиони за да бидеш среќен, -порача ѕвездата на „кралевите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни