Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бензема и Асенсио ја продолжија доминацијата на Реал против премиерлигашите (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид преслуша три премиерлигашки екипи минатата сезона во Лигата на шампионите на својот пат до трофејот, а во првото четвртфинале повторно славеше над Челси со кого се сретна и пред една година.

Тимот на Карло Анчелоти ја оправда фаворитската улога на домашен терен и со навистина убава предност ќе патува на реваншот на „Стемфорд Бриџ“ кој се игра за шест дена, а резултатот всушност е и преблаг за доминацијата која ја имaa „кралевите“.

Иако првата вистинска шанса на мечот ја имаше Челси по контрата која не ја реализираше Жоао Феликс, многу брзо се променија нештата на теренот и Реал „нагази“ во свој стил, па експресно пристигна и првиот гол во мрежата на Кепа Аризабалага.

По одличното проигрување од Карвахал, Винисиус испрати удар кон голот на Кепа, а одбиената топка стигна до Карим Бензема кој од непосредна близина биеше во празната мрежа.

Реал дојде до водство од 1:0 и продолжи да притиска, па бидејќи нештата не се променија и на стартот на вториот дел, следеше еден момент кој беше многу важен. Чилвел го повлече Родриго и судијата му покажа директен црвен картон на дефанзивецот, по што Реал остана со играч повеќе на теренот.

Во такви услови, Анчелоти го стави во игра Асенсио, а токму тој погоди за 2:0 по една одлична тимска комбинација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни