Бензема го загуби трпението со младата ѕвезда на Реал: Крени ја главата, не играш сам (Видео)

karim-vini

Реал Мадрид во саботата рутински се справи со Еспањол и славеше со 2:0 на домашниот „Сантијаго Бернабеу“, натпревар на кој „кралевите“ победија благодарение на францускиот погон Варан-Бензема.

Двајцата Французи беа стрелци на головите со кои Реал оствари нов успех во Примера, а Бензема покрај тоа што беше играч на мечот поради асистенцијата и погодокот, се најде и во фокусот на шпанските специјализирани емисии со забелешките кои ги имаше до Винисиус Жуниор.

Францускиот напаѓач во два наврати го опоменал Винисиус Жуниор за тоа што не ја крева главата кога се наоѓа во одлична шанса во шеснаесетникот, па своето незадоволство му го изрази и на капитенот Рамос (крени ја главата, не играш сам).

Facebook Коментари