Поврзете се со нас

Шпанија

Бензема го украде шоуто во фантастичното враќање на Азар (Видео)

Објавено

на

Реал Мадрид ја врза и втората победа во Примера по големиот триумф на „Ел Класико“, откако ова попладне без преголеми проблеми се справи со аутсајдерот Уеска кој гостуваше на „Алфредо Ди Стефано“.

Тимот на Зинедин Зидан немаше фуриозно отворање на мечот, но сепак мајсторијата која ја изведе Еден Азар по 39 минути игра беше доволна за да се разбудат сите останати играчи во редовите на Реал. Белгиецот прфати топка на 30-тина метри и испрати неодбранлив удар во 40-та минута, со што за првпат се запиша во листата на стрелците по пауза од цели 392 дена.

По 20-те минути кои ги доби во Германија кај Менхенгладбах, за Азар ова беше прв старт и прв настап во Примера оваа сезона, па фантастичното враќање му овозможи на неговиот тим да има многу полесна задача.

Откако постигна гол Белгиецот, шоуто на теренот го украде Карим Бензема, бидејќи во продолжение, Французинот постигна два гола, а беше и асистент на погодокот кој го постигна Феде Валверде.

За комплетирање на конечните 4:1 во Мадрид се погрижи Фереиро кој го постигна почесниот гол за гостите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни