Поврзете се со нас

Шпанија

Бензема го избра својот омилен гол во Реал откако испиша нова историја (Видео)

Објавено

на

Карим Бензема игра во страшна форма на стартот на новата натпреварувачка сезона, бидејќи шестото коло во Примера го заокружи со осмиот гол и седма асистенција, но и испишување сопствена историја во „кралскиот клуб“.

Францускиот напаѓач запиша две асистенции и даде два гола во победата над Мајорка од 6:1, а со тоа оствари и еден неверојатен јубилеј кој го прослави со човекот кој реши да инвестира во него во 2009-та година.

Бензема стигна до јубилеен 200-ти гол во Ла Лига на натпреварот против Мајорка и со оваа бројка позираше во друштво на Флорентино Перез, што прави Карим да влезе во избрано друштво во клупската историја на Реал Мадрид.

Пред него се само Кристијано Роналдо, Раул Гонзалес и Алфредо Ди Стефано на листата на најдобри стрелци во историјата на клубот, а по повод убавиот јубилеј, доби и интересно прашање на кое брзо даде одговор.

– Омилен гол? Ќе кажам дека тоа е првиот кој го постигнав во Реал Мадрид, оној против Херез по асистенција на Руд Ван Нистелрој. Се случи на ова место, на „Сантијаго Бернабеу“. Тој гол го посветувам на моето семејство, на моите деца, на фановите на Реал Мадрид и на сите оние кои ме поддржуваат, – вели Бензема за телевизијата на Реал.

Првиот гол на Бензема во Реал погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни