Поврзете се со нас

Шпанија

Бензема го избра најевтиниот автомобил од првиот тим на Реал, млада ѕвезда доби „ѕвер“ од 160 илјади евра (Видео)

Објавено

на

За разлика од Барселона која ја прекина соработката со „Ауди“, Реал Мадрид и натаму е во тесна врска со познатиот германски производител на автомобили, па според традицијата, ѕвездите од првиот тим на „кралскиот клуб“ добија нови подароци од својот спонзор.

Играчите на Реал и тренерот Зинедин Зидан денеска ги добија своите нарачани автомобили кои можеа да ги бираат од богатиот асортиман, но за разлика од обично, фудбалерите сега не можеа да ги тестираат истите на мини церемонија поради Ковид протоколите.

Сепак, ова не ги спречи шпанските медиуми да дојдат до сите интересни податоци поврзани за листата составена од моќни автомобили, во која убедливо најскромен е Карим Бензема кој се одлучил за најпристоен автомобил во спроедба со своите соиграчи.

Францускиот напаѓач кој нема да може да игра против Аталанта во Лигата на шампионите се одлучил за обичниот модел „Q5“ чија вредност е 52 илјади евра, додека останатите играчи во најголем дел исто така се одлучија за џипови, но многу поскапите верзии на „Q7“ и „Q8“ кои надминуваат 80 илјади евра.

Ако Бензема се задоволил со „Q5“ со 204 коњски сили, комплетна спротивност од него е младиот Феде Валверде, уругвајскиот играч за врска кој се одлучил за најскапиот автомобил, односно моделот „RS Q8“ чија вредност е 160 илјади евра. Капитенот Серхио Рамос и тренерот Зинедин Зидан имале ист вкус и се одлучиле за „RS 6 Avant“ кој изнесува 142 илјади евра, a се издвојува уште и изборот на Касемиро кој решил да добие „RS 7 Sportback“ во вредност од 148 илјади евра. Сите останати играчи на Реал се одлучиле за џипови и автомобили измеѓу 70 и 80 илјади евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни