Поврзете се со нас

Шпанија

Бензема: „Ел Класико“ се уште е најдобриот меч во фудбалот

Објавено

на

На 24 октомври се игра првото овосезонско дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид, дерби во кое по долга пауза нема да видиме ниту еден од Лионел Меси и Серхио Рамос, двајца играчи кои долги години беа капитени и лидери на своите екипи во овие натпревари.

Меѓутоа сега двајцата се во ПСЖ и некако се добива чувство дека дербито губи на престиж, односно не е онакво како што беше низ изминативе години кога со нетрпение се очекуваа овие мечеви. Ама со ова не се согласува Карим Бензема кој смета дека и покрај заминувањето на доста важни играчи во двата клуба „Ел Класико“ се уште е најдобриот натпревар во светот на фудбалот.

-За мене, сепак е исто. Останува најдобриот натпревар што постои во фудбалот. Не се важни играчите кои се таму, кои си заминаа или ќе дојдат во иднина. Реал против Барселона е историски. Имињата се менуваат, но порано беа Зидан, Роналдињо, Роналдо, Самуел Ето. Реал Мадрид против Барселона секогаш ќе биде Реал Мадрид против Барселона, -вели Карим кој смета дека Барса не смее да се потцени и покрај проблемите со кои се соочува.

-Никогаш нема добар момент да се игра со нив. Тим како Барселона или кој било врвен тим, може да има лоша меч, а потоа повторно да отскокне. Тоа е натпревар што не можеме да го сфатиме лесно, дури и ако тие не одиграа добро досега, -порача Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни