Шпанија
Бензема донел одлука за неговата иднина во Реал

Карим Бензема веќе долго време е член на Реал Мадрид, тим во кој во последниве неколку години е клучен играч, ас без кој не може да се замисли шпанскиот великан.
Меѓутоа договорот на Французинот со Реал му завршува во месец јуни и тоа секако остава простор за заинтересираните клубови да го „украдат“ голгетерот. Една од опциите која се споменуваше беше преселба во Саудисна Арабија, но според реномираната „Марка“ нема ништо на оваа тема затоа што Карим има само една цел.
-Се зборуваше дека Бензема размислува за понудата од Саудиска Арабија. Сепак милионите евра не ја променија неговата желба да ја обнови соработката со Реал. Французинот не сака да го стори истото како и Кристијано Роналдо кој отиде во Саудиска Арабија.
-Во Реал постои непишано правило според кое играчите кои освоиле Златна топка добиваат нов договор. Бензема сè уште официјално не ја продолжил соработката со Реал, но и двете страни сакаат тоа да се случи во наредниот период, -заклучува „Марка“.
Бензема од 2009 година е во Реал и досега има освоено 24 трофеи со овој клуб.
-
Англијапред 24 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 23 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 23 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
АТПпред 12 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Англијапред 21 час
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
Англијапред 8 часа
Њукасл го исфрли Сити од Лига Купот, нова „два во еден“ партија на Ливерпул (ВИДЕО)