Поврзете се со нас

Шпанија

Бензема доби три награди и ги избра најважните голови од сезоната која никогаш нема да ја заборави (Видео)

Објавено

на

Карим Бензема денеска доби специјална чест на свечената церемонија која ја одржа „Марка“, на која францускиот напаѓач ги прими трите најважни награди кои ги доделува угледниот весник.

Бензема ја доби Пичичи наградата за најдобар голгетер, трофејот Ди Стефано за најдобар играч во Ла Лига, но и Хјундаи наградата за најдобар играч во Шпанија според навивачите и фудбалските фанови.

Најдобриот напаѓач на Реал не играше за Франција изминативе десет дена бидејќи се рехабилитираше од повредата, која сега останува зад него и се става на располагање за претстојниот меч кој следи во Ла Лига против Осасуна.

– Веќе сум добар, тренирам нормално и очекувам да играм на натперварот во недела. Подготвен сум за игра, подготвен сум да му помогнам на тимот, – изјави Бензема, кој покрај тоа што се заблагодари за трите награди, ги избра и најважните голови од сезоната која никогаш нема да ја заборави.

– Ако треба да бирам од Ла Лига, најважен е голот против Севилја за победа во последните минути. Во Лигата на шампионите, најважни се головите против ПСЖ, таа ноќ беше магична на „Бернабеу“, – вели Бензема.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни